6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Еврото не е преценето

Германија: Еврото не е преценето

steffan

Еврото во моментот не е преценето, а девизните курсеви не треба да бидат користени за поттикнување на конкурентноста, соопшти денеска германската Влада, одбивајќи ги повиците на Франција да се ограничи неодамнешниот раст на заедничката валута.

– Германската Влада верува дека еврото во моментот не е преценето. Тоа што сега го гледаме е раст на вредноста на еврото како реакција на сериозната депресијација од почетокот на кризата во еврозоната, изјави портпаролот на Владата во Берлин Штефен Зајберт.

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјави дека преценетото евро наштетува на економскиот раст и дека за тоа треба да се разговара на состанокот на министри за финансии на еврозоната и групата 20 најразвиени економии во светот.

Берлин од друга страна мисли дека нема место за вознемиреност Зајберт наведе дека најновиот скок на заедничката европска валута покажува оти „финансиските пазари повторно веруваат во еврото и дека тоа не е лоша работа“.

– Од наш агол, политиката на девизни курсеви не е соодветно орудие за поттикнување на конкурентноста. Ефектите од целната девалуација обично се краткорочни и не можат да се користат за трајно поттикнување на конкурентноста, наведе Зајберт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП