25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватска инвестира во туризмот

Хрватска инвестира во туризмот

dalmacia

Хрватска планира да влезе во „топ 20“ светски туристички дестинации со владината стратегија за развој на туризмот до 2020 година, објави „Јутарњи лист“.

Во стратегијата се наведува, дека за да се постигнат тие резултати, бројот на вработени во туризмот и сродните дејности треба да се зголеми за уште 30.000 луѓе и да бидат инвестирани седум милијарди евра за зголемување на туристичката база.

– Хрватска треба да го промени долгогодишниот став дека туризмот се развива сам од себе и оти сонцето и морето се главен и често единствен туристички производ, се наведува во стратегијата, предложена од Министерството за туризам.

Според Министерството за туризам и покрај недостатоците хрватскиот туризам во време на криза постигна подобри резултати од медитеранската конкуренција. Во 2011 година во Хрватска биле регистрирани 11,5 милиони туристи, 60,4 милиони ноќевања, додека странските туристи потрошиле 6,3 милиони евра, а локалните уште една милијарда евра.

Во моментот во областа на туризмот во Хрватска работат над 95.000 луѓе, што е седум проценти од вкупниот број на работни места во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП