4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроѕирниот авион на Airbus (видео)

Проѕирниот авион на Airbus (видео)

avion airbus idnina

Патниците кои се транспортираат со авион во иднина ќе можат да го набљудуваат небото над себе, но и под себе, затоа што покривот на авионот помалку или повеќе ќе биде проѕирен.

Ова се однесува, барем засега, на футуристичкиот авион на „Airbus“ кој е претставен во Лондон.

Тоа што е лоша вест е тоа што ваквиот авион во употреба ќе биде дури во 2050-та година, а втората лоша вест е тоа што тие што имаат страв од летање уште повеќе ќе бидат престрашени, затоа што буквално ќе можат да видат се околу себе додека се возат низ облаците. Меѓутоа, оние кои немаат страв од летање и сакаат предизвици, сигурно ваквиот авион со воодушевување ќе го дочекаат.

Во авионот наместо бизнис кабината ќе биде просторот за опуштање, како бар за дружење и за пијачка. Патниците ќе можат да видат апсолутно се од страните и тоа што е пред нив. Во авионот дури ќе има простор за некои друштвени игри или мини голф терен, а ѕидовите на авионот ќе ги менуваат боите во зависност од тоа дали е ден или ноќ.

Во „Airbus“ исто така велат дека се ќе биде направено во рамките на највисоките еколошки стандарди и модерни технологии. Ваквиот авион кој ќе има многу содржини има за цел да ги задоволи индивидуалните потреби на секој од патниците, нагласуваат во компанијата.

Патниците до 2050-та година ќе очекуваат и самото патување да биде доживување, а не само дестинација на која патуваат. Поради тоа ова и е авион кој ќе ги задоволи потребите на сите патници, велат од „Airbus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП