29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПоради овие причини треба да пешачите

Поради овие причини треба да пешачите

wolkwithdogwinter1

Во оваа година обидете се да започнете со една едноставна навика со која ќе го подобрите вашето здравје и ќе постигнете природна детоксикација: пешачете секој ден по 30 минути. Секојдневната прошетка ќе го исчисти вашето тело, ќе ве наполни со енергија и ќе ви го подобри варењето. Ако во месец јануари не започнавте да го практикувате ова, еве ви нова можност во февруари да се поправите. Имате уште два дена за физичка и психичка подготовка!

„Практикувајте пешачење секој ден цел месец, а кон крајот на месецот тоа ќе ви стане здрава навика која ќе ви служи до крајот на животот”, вели др. Маошинг Ни.

Прошетката, освен што ќе делува позитивно на вашето расположение, има и добар ефект врз лимфниот систем, циркулацијата и варењето.

Точно дека телото има природна способност да ги чисти органите и ткивата, но претерувањето со шеќери и маснотии, зачинети со стрес и токсини од околината го оневозможуваат природниот процес на детоксикација.

Физичката активност го “одзатнува” организмот и токсините полесно се отстрануваат. Иако пешачењето е лесна телесна активност, сепак е доволна за да го исчисти телото.

Др. Ни ве советува:

Пропуштивте ден? Не го чувствувајте тоа како неуспех. Простете си себеси и согледајте ги причините за тоа – обидете се да го поправите тоа и продолжете онаму каде застанавте минатиот пат.

Немате време? Доколку немате време, пешачете до или од работа. И не пропуштајте да се искачите по скали, секогаш кога ќе можете.

Зимата е ладна. Нека не ви биде тоа оправдување да се затворите дома. Облечете чизми, капут, се што е потребно и прошетајте. Уживајте во зимските бои на природата.

Не сте обожавател на пешачење? Доколку пешачењето едноставно не е за вас, одберете танцување, јога, пливање или некоја друга активност која ве интересира.

Немате друштво? Земете го со вас вашиот миленик и на него добро ќе му дојде, или понесете ја со себе вашата омилена музичка компилација која дополнително ќе ве мотивира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП