8 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Чачак – Интеримпекс планира отворање на нови продавници во Србија во 2014 година, пишува Чачански глас. Трговскиот синџир сака производство на уште неколку брендови во Србија. Интеримпекс во земјата работи веќе десета година, а освен објекти во Чачак, Белград, Ниш, Обреновац, Заечар, Шабац и Ваљево, во 2014 година планираат да отворат и нови продавници, пишува весникот Чачански глас.

Љубљана – Агрокор и банките доверители се на праг на договор за преземање на Меркатор, но сопствениците на тој најголем трговски синџир остануваат цврст орев, пишува Дело. Преговорите на Агрокор со мнозинските сопственици на Меркатор и доверителите продолжуваат без официјални информации, но повеќе за тоа би требало да се знае во петок, кога истекува рокот за постигнување на договор за реструктуирање на долговите на Меркатор, пишува весникот.

Виена – Банката Хипо Алпе Адриа ќе мора да ја намали цената на својата мрежа во југоисточна Европа за околу 500 милиони евра, покрај претстојната продажба, оценува виенскиот весник Стандард. Австрискиот парламент ќе го разгледа ова прашање за банката, бидејќи партијата на Зелените од министерот за финансии бара информации за актуелната состојба. Меѓутоа, таа проценка нема да биде едноставна, бидејќи моментално никој не знае колку Хипо банката дополнително ќе ја чини австриската држава.

Љубљана – Словенија ќе покрене тужба против Хрватска пред Меѓународниот суд за правда во Хаг, ако нема друга опција во случај на Љубљанска банка. Словенија ќе покрене спор против Хрватска ако се покаже дека хрватските судски пресуди можат да бидат извршени во нивната земја, најави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец. Меѓутоа, Ерјавец смета дека тоа сепак не е можно според словенечките закони, но додаде дека негова должност е на Владата на Словенија да предложи тужба до Меѓународниот суд за правда, ако нема друга опција.

Токио – За новинарите во Токио Ивара рече дека пет месеци ќе прима пониска плата за да го надомести падот на заработката поради слабата побарувачка на конзолата Wii U, додека на другите членови на управниот одбор на компанијата платата ќе биде намалена од 20 до 30 отсто. Вестите доаѓаат по една недела откако јапонската компанија ги шокираше инвеститорите со предупредување дека во фискалната 2013-14 година која завршува во март, ќе забележи голема загуба.

Москва, Киев – Нередите во Украина ја загрозуваат и испораката на рускиот гас во Европа, што може да ги забрза преговорите за Јужен тек, пишува Независимаја газета. Судејќи според тоа што украинскиот министер за енергетика Едуард Ставицки во текот на минатиот викенд рече дека сите атомски централи треба да се стават под засилени мерки за безбедност, во Украина не се исклучени ни проблемите со гасоводот преку кој руски гас се испорачува во Европа.

Вашингтон – Регулаторите ја истражуваат Банка на Америка (BoA) поради прескокнување на големи куповни налози на нивните клиенти. Прескокнувањето на налозите е многу едноставна и стара метода на тргување, која во вакви случаи поради судир на интереси е забранета. Имено, кога клиент на банката т.е. брокерската куќа зададе голем куповен налог, многу е веројатно дека ќе дојде до раст на цените на таа вредносна хартија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП