
Познатиот бренд „Piaget“ ни го открива својот нов уникатен часовник…


Познатиот бренд „Piaget“ ни го открива својот нов уникатен часовник…
Овој „Piaget Altiplano Scrimshaw“ не враќа во античките времиња, неговиот бројчаник е создаден од коска од мамут стар 40.000 години. Има куќиште од 38 мм и достапен е во две варијанти од розево или бело злато.
На бројчаникот на овој луксузен „Piaget Altiplano Scrimshaw“ часовник претставена е старата мапа од источната хемисфера.
Гравирањето е направено од страна на мајсторот Ричард Мајер, и за тоа му биле потребни околу 65 часа за еден примерок.
Овој бројчаник е претставен во две варијанти, една со нежни кафени тонови и друга во розево златна верзија со бели и сиви тонови.
Слоновата коска од овој вид е многу редок материјал затоа се изработени само 40 примероци од овој прекрасен часовник. Цената сеуште не е официјална, но постојат шпекулации дека часовникот ќе чини 60.000 долари.





