22 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСмартфоните го намалија профитот на Canon

Смартфоните го намалија профитот на Canon

canoni

Во однос на очекувањата, потфрлија резлутатите на јапонски „Canon“, а причината за тоа е падот на побарувачката на фотоапарати, бидејќи купувачите се повеќе ги користат паметните телефони за фотографирање.

Нето-профитот на јапонската компанија порасна во минатата година за 2.6 отсто на 230.5 милијарди јени (2.2 милијарди долари), благодарејќи на слабиот јен и мерките за штедење, што сепак е понизок во однос на прогноризираната заработка од 240 милијарди јени.

Приходите во исто време пораснале за 7.2 проценти на 3.7 билиони јени, а профитот од работењето за 4.1 процент на 337.3 милијарди јени.

За разлика од повеќето јапонски компании чија финансиска година завршува во март, финансиската година на „Саnon“ е еднаква на календарската.

Растот во профитот е остварен пред се поради намалувањето на трошоците и намалувањето на вредноста на јенот, истакнуваат од „Саnon“. Јапонските извозници имаа корист од минатогодишниот остар пад на јенот, поради што пораснаа нивните приходи од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар