28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги помирува богатите и сиромашните

Кина ги помирува богатите и сиромашните

kina2

Кинеската влада вети дека ќе го намали јазот помеѓу богатите и сиромашните, таа повика државните компании да издвојат пари за социјални програми.

Владата на Кина вети дека ќе одвои многу повеќе пари за здравството и образованието, но не истакна како Пекинг има намера да ги спроведе најавените промени кои би можеле да го загрозат државниот систем и другите политички влијателни фракции.

Комунистичките лидери во повеќе наврати ветија дека ќе го намалат јазот помеѓу елитата која профитираше од економските реформи и мнозинското сиромашно население. Постојат шпекулации дека иако тие веќе со месеци работат на овој план, се соочуваат со отпор од државните претпријатија и нивните сојузници во владејачката Комунистичка партија.

„Неопходно е да продолжиме со спроведувањето на реформите за распределување на приходот со цел да ја заштитиме социјалната еднаквост, хармонија и стабилност“, се наведува во соопштението на владата.

Кинескиот бум донесе огромно богатство за индивидуални претприемачи, додека повеќето се соочија со многу низок раст на приходите.

Поборниците на реформите сметаат дека, за да се намали јазот не е доволна само зголемената потрошувачка на социјалните програми, туку потребни се клучни промени во економската структура со цел да се ограничи доминацијата на државно-контролираните компании кои контролираат повеќе сектори, вклучувајќи го банкарството, енергетиката, телекомуникациите и финансиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП