4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовата луксузна колекција на мебел Bentley Home (фото)

Новата луксузна колекција на мебел Bentley Home (фото)

bent2

Сите љубители на „Bentley“ брендот ќе се воодушеват од новата „Bentley Home“ колекција на мебел која е прикажана на саемот во Париз…

Оваа колекција на овој бренд, всушност е продолжување на трендот од минатата година. Подобрена со неколку нови елементи, целата оваа колекција е многу внимателно замислена и развиена од страна на архитектот Карлo Колумбо, во соработка со Даниеле Сесемори.

Инспирирана е од врвната вештина на изработка и луксузните материјали кои го карактеризираат ентериерот на сите „Bentley“ автомобили. Оваа колекција се состои од луксузно дизајнирана софа, фотелја, кревет и многу други предмети.

Оваа колекција е претставена во неутрални бои како што се „Mocha“, „Cognac“, „Taupe“, „Quartz“, „Grey“ и „Ice“, а за постигнување на најлуксузен изглед, добила и допир од пурпурно-црвена, боја на црвено вино,цигла-црвена и сина нијанса.

Направена е од луксузни кожи, сензуални материјали, префинето кадифе и лесен кашмир, а на секое парче може да се види логото на „Bentley“ брендот.

bent1

bent3

bent4

bent5

bent2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП