25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите градови во светот

Најскапите градови во светот

9 долари за еден леб во Токио? 2100 долари сметка за вечера во Париз? За да оцени кои градови се најскапи за вработените и туристите, Economist ги разгледа цените на секојдневните предмети кои се купуваат во градовите низ светот.

Листата на најскапи градови е следнава:

 

1. Токио, Јапонија

tokio01И покрај слабеењето на јенот и придружениот пад во однос на трошоците на живот, Токио уште еднаш ја заработува титулата како најскап град во светот. Јапонскиот град се има најдено на првото место 14 години во последните 20 години, изјави авторот на анкетата Џон Копстејк.

 

Леб: 9,06 долари

Литар млеко: 2,93 долари

Шише трпезно вино: 15,95 долари

Вечера за четворица, со вино: 1,266.30 долари

 

 

2. Осака, Јапонија

osaka01Во азиските градови како што е Осака, трошоци на живот се искачија на многу високо ниво во последниве години, односно толку многу што сега претставуваат 11 од 20 светски најскапите градови, а три се во првите десет. Пред една деценија азиски градови заземаа само 6од 20 места.

 

Леб: 7,94 долари

Шише трпезно вино: 17,55 долари

Литар безоловен гас: 1,96 долари

Вечера за четворица, со вино: 915,32 долари

 

 

3. Сиднеј, Австралија

sidnej01Австралиските градови како Сиднеј, некогаш биле релативно прифатливи места. Но, во последниве години, тие веќе се движат нагоре во редовите на најскапи градови во светот, и со својата силна валута ги зголемија цените.

 

Леб: 5,03 долари

 

Шише трпезно вино: 25,38 долари

Кутија брендирани цигари: 15,48 долари

Вечера за четворица, со вино: 731,96 долари

 

 

4. Осло, Норвешка

oslo01Осло, главниот град на Норвешка, кој е воедно и најнаселен град, според индексот е најскапиот град во Европа.

 

Леб: 6,31 долари

Кутија брендирани цигари: 15,24 долари

Литар млеко: 2,58 долари

Вечера за четворица, со вино: 813,36 долари

 

 

5. Мелбурн, Австралија

melburn01Исто како и Сиднеј, во Мелбурн цените за живеење значително пораснале во изминатата деценија, и истото се должи на зајакнувањето австралиската валута.

 

Леб: 4,87 долари

Шише трпезно вино: 25,03 долари

Литар млеко: 2,00 долари

Вечера за четворица, со вино: 794,85 долари

 

 

6. Сингапур

singapur01Повисоките плати и економскиот оптимизам ги турнаа цените нагоре во овој азиски град.

 

Леб: 3,25 долари

Литар млеко: 2,86 долари

Шише трпезно вино: 25,65 долари

Вечера за четворица, со вино: 503,76 долари

 

 

7. Цирих, Швајцарија

cirihЦирих беше прогласен за најскап град во светот минатата година, кога швајцарскиот франк стана засолниште за нервозните инвеститори. Но, интервенција на владата во насока на ослабување на франкот предизвика драматичен пад на цените, и тоа го истурка градот на седмата позиција.

 

Леб: 6,08 долари

Шише трпезно вино: 16,74 долари

Пак на бренд-име цигари: $ 8,32 долари

Вечера за четворица, со вино: 1,394.74 долари

 

 

8. Париз, Франција

paris01Додека слабеењето на еврото и масивните мерки за штедење ги спуштија цените во Европа, трошоците на живеење во Париз се уште се доволно високи, за да се задржи во топ 10 најскапи градови.

 

Леб: 8,95 долари

Литар млеко: 2,55 долари

Кутија брендирани цигари: 8,10 долари

Вечера за четворица, со вино: 2,177.22 долари

 

 

9. Каракас, Венецуела

caracas01Каракас ja прави топ 10 листата целосна, бидејќи Владата на Венецуела воведе вештачки девизен курс, што предизвика масовна инфлација на цените, според Копстејк.

 

Леб: 9,40 долари

Литар млеко: 2,73 долари

Кутија брендирани цигари: 7,30 долари

Вечера за четворица, со вино: 910,26 долари

 

 

 

10. Женева, Швајцарија

geneva01Женева беше трет најскап град во светот минатата година, но како и Цирих, го снајде големо намалување на цените оваа година, со слабеењето на франкот во однос на еврото.

 

Леб: 5,63 долари

Литар млеко: 1,42 долари

Шише трпезно вино: 8,19 долари

Вечера за четворица, со вино: 1,447.37 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП