27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle се откажува од линијата Nexus во 2015-та година?

Google се откажува од линијата Nexus во 2015-та година?

android_google_nexus

Компанијата „Google“ има во план да се откаже од својата линија на уреди „Nexus“ во 2015-та година, ако може да им се верува на предвидувањата на аналитичарите.

Аналитичарот Елдар Муртазин тврди дека линијата на моќни и прифатливи уреди ќе биде укината следната година, затоа што „Google“ има намера да се фокусира на својата линија на уреди „Google Play Edition“.

„Линијата „Nexus“ ќе престане да постои во 2015-та година и ќе биде заменета со линијата „Play Edition““, напишал Муртазин на Твитер, додавајќи дека линијата „Play Edition“ исто така ќе биде ребрендирана.

Моменталните уреди „Play Edition“ имаат фабричка верзија на „Android“, не содржат апликации на други производители и поскапи се од стандардните модели.

Од „Google“ се уште нема никаков одговор на овие информации, па така останува да се види каков ќе биде резултатот од овие шпекулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП