25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатан Ибрахимовиќ доби 1,4 милиони евра за реклама за „Волво“ (видео)

Златан Ибрахимовиќ доби 1,4 милиони евра за реклама за „Волво“ (видео)

ibra

За неполни два дена, повеќе од милион лица на „Јутуб“ го виделе рекламниот филм на шведскиот фудбалски интернационалец Златен Ибрахимовиќ за „Волво“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во филмот, фудбалската ѕвезда Ибра исполнува своја верзија на шведската национална химна, при што „Свериге (Шведска)“ се изговара „Звериге“.

Во филмот се појавува и сопругата на Златан, Хелена Сегер во неколку секвенци. На моменти Златан се капе среде зима.

– Златан Ибрахимовиќ е секако заинтересиран за пари, но едновремено тој можеби сака да го исползува рекламниот филм за да покаже што всушност значи да се биде Швеѓанец.

Дека всушност не мора да се зборува перфектно шведски, односно дека сликата за еден Швеѓанец можеби е сменета, вели шведската новинарка Јохана Франден.

Рекламниот филм, кој е сниман кај националниот парк „Стора сјофалет“, постигна голем успех на интернет, а популарниот Ибра заработи 12 милиони шведски круни (нешто помалку од 1,4 милиони евра), пишува шведскиот весник „Дагенс индустри“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП