28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСкапоцените Linda Farrow очила (фото)

Скапоцените Linda Farrow очила (фото)

KEY OF AURORA SUNGLASSES YELLOW

„Key of Aurora“ лидерот во индустријата за луксузни производи, во соработка со британскиот луксузен бренд „Linda Farrow“ ја лансираше колекцијата на скапоцени очила…

Едни од најскапите очила на нивниот сајт, преку кој вршат продажба, се 18-каратните очила од бело злато со бели дијаманти кои чинат 28.310 долари. Рамката е понудена во три варијанти од 18-каратно злато- бело, жолто и розево злато. Стаклата можат да бидат црвени, кафени, сино-кафени и сиви.

За овие очила да бидат уште повеќе луксузни, купувачите можат да си ги одберат сами скапоцените камења кои сакаат да ги има на рамките, како што се на пример дијаманти во црна или бела боја, сини сафири или црвени рубини.

Покрај очилата кои можете да ги видите на нивниот сајт, можете да барате и одредено прилагодување на моделот, како што се рамки од платина или 24-каратно злато, а во понудата има и повеќе видови на скапоцени камења. Сите овие очила се рачно направени во Германија.

lin2

lin3

lin4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП