18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо ММФ може да ја спаси Украина

Само ММФ може да ја спаси Украина

ukraina1

Украина оваа година може да избегне банкрот доколку договори аранжман со Меѓународниот монетарен фонд и доколку добие стабилизационен заем од оваа финансиска институција.

Претседателот на Националниот Совет на банкарските организации, Станислав Аржевитин, тврди дека неговата земја до крајот на оваа година тешко ќе ја одржи макроекономската стабилност и тешко ќе го избегне финансискиот колапс, доколку набрзо не постигне договор за нов кредит со ММФ.

Владата на Украина, според изјавите на Аржевитин, на секој можен начин ќе се обиде да го избегне финансискиот колапс, и за таа цел, можеби, доколку не постигне договор со ММФ, ќе дозволи и нагла девалвација на девизниот курс на националната валута.

Руските медиуми пренесуваат дека Украина и ММФ сега повторно преговараат за стабилизациониот заем вреден околу 15 милијарди долари, кој Фондот го одобри во 2010 година, но трансферот на пари беше прекинат бидејќи украинските власти не се согласија драстично да се зголеми гасот за населението.

Според експертите, ако пропаднат преговорите со ММФ, Украина најверојатно ќе мора да позајми пари од меѓународниот финансиски пазар.

Украина, инаку, на надворешните доверители им должи повеќе од сто милијарди долари, а само во текот на минатата година владата од буџетот, за сервисирање на сите должнички обврски, требаше да обезбеди околу десет милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП