4 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Просечната нето плата во Србија минатиот месец изнесувала 50.820 динари (439 евра), што е номинално за 8,3, а реално за шест отсто повеќе во однос на декември 2012 година, соопшти српскиот Републички завод за статистика. Српската просечна нето плата во текот на 2013 година била номинално за 6,2, а реално за 1,5 проценти повисока во однос на просекот од претходната година.

Загреб – Експертите оценуваат дека најавите оти Хрватска наскоро ќе стане енергетска сила во Европа се сепак преоптимистички, нагласувајќи дека експлоатацијата на нафта во Јадранското Море не би можела да почне пред 2020 година. Според анализата на норвешката компанија „Спектрум“, под дното на Јадранското Море има погодни структури за акумилација на нафта и гас, но дури во текот на 2018 или 2019 години ќе се знае колкави се реалните резереви на овие енергенси.

Атина – Министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас, изјави дека земјата ги продолжува тешките преговори со претставниците на меѓународните кредитори за текот на програмата од економски реформи, но нагласува дека нема причина за загриженост и дека врз Владата не е вршен притисок за наметнување нови мерки за штедење.

Лондон – Британскиот премиер Дејвид Камерон верува дека Велика Британија и останатите западни земји би можеле да ја  подобрат својата економска состојба со враќање назад на фабриките на домашните компании од азиските земји. Според Камерон, првите чекори на овој порцес веќе започнале.

Франкфурт – Европската централна банка соопшти дека заедно со централните банки на Велика Британија, Јапонија и Швајцарија, донела одлука да ги запре програмите за кредитирање во американски долари, како резултат на подобрувањето на пазарните услови. Запирањето на доларските кредити се очекува да се случи во следните три месеци.

Давос – Од јули 2012 година, па досега бележиме импресивно зајакнување на финанскиките пазари во еврозоната, изјави првиот човек на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. Во јули 2012 ЕЦБ најави серија мерки со цел да спречи крах на еврото, кои резултираа со намалување на должничката криза, смирување на финансиските пазари и иницијален раст на економијата во еврозоната.

Јангон – Светската банка вети две милијарди долари за Мјанмар во форма на бескаматни кредити, помош и инвестиции со цел да му помогне на енергетскиот сектор и да обезбеди поквалитетна здравствена заштита.

Вашингтон – Американските партии повторно ги почнуваат расправиите околу нивото на долгот, откако истекоа трите месеци од периодот кој беше договорен во октомври, за да се одложи опасноста од банкрот на САД. Републиканската партија најави дека нема да дозволи ново зголемување на нивото на долг без отстапки од страна на претседателот, притоа наведувајќи го нивното барање да се дозволи изградба на големиот нафтовод Кистон од Канада до САД, како еден од условите упатени до претседателот Барак Обама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП