26 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИДоларот повторно на сцена

Доларот повторно на сцена

dollar

Фундаментална анализа за 27-31 Јануари

Во текот на изминатите две-три недели, по малку невообичаено бевме сведоци на една изразена неутралност на американскиот долар. Како уморен војник кој одбива да се бори така и американскиот долар беше целосно незаинтересиран да бие битка и се предаде на спонтаноста на пазарот. Единствено канадскиот и австралискиот долар беа послаби во секој поглед, но кај нив овој пат имаше и причини за таквиот однос во слабите показатели. Можеби заради недостатокот на важни објави од САД, можеби заради големите прегрупирања на големите институционални играчи, можеби заради почетокот на колебање за понатамошен раст на берзите во САД, можеби заради презаситеност на купувачите а можеби заради се по малку американскиот долар ослабна во однос на еврото. А сепак, на пазарите измешаност од оптимизам и песимизам. Можеби таквиот развој  е резултат на текот на кеш парите кои полека го напуштаат берзанскиот пазар во САД и се враќа дома. Во Европа. Причини има многу, но сепак повеќето се од шпекулативен карактер.

Во текот на оваа недела иако имаме богат календар со настани и објави на економски показатели, ние би се задржале само на два-три поважни.

Извештајот на федералниот пазарен комитет на САД во Среда во 20:00 часот, објавата на БНП на САД во Четврток во 14:30 часот и објавата за бројот на склучени купопродажни договори за домовите во САД во 16:00 часот.

Со оглед дека американскиот долар веќе невобичаено долго е во пазарна летаргија сметаме дека овие два-три настани конечно ќе го разбудат “заспаниот џин“ и пазарите повторно ќе добијат на волатилност. Поготово првиот. Извештајот на федералниот пазарен комитет.

Без да навлегуваме во поединечни анализи за секој валутен пар, ќе се фокусирмае на американскиот долар низ призмата на извештајот на комитетот. Федералниот пазарен комитет во својот извештај сметаме дека повторно ќе продолжи со предвидената реторика во врска со економските очекувања и на дело дека ќе ги даде истите препораки како што беа зацртани од крајот на минанатата година. А тоа е постапно кратење на програмата за монетарно олеснување но и будно следење на економските индикатори со посебен осврт и нагласок на инфлацијата, пазарот на недвижности и бројот на невработени. Кратењето според сите предвидувања е извесно но секогаш комитетот за умешно да избегне оштра реакција на јекнење на доларот односно пад на берзата и ладен туш за пазарот на обврзници, во својата реторика остава простор за обесхрабрување на сите купувачи на американски долар и продавачи на хартии од вредност со добро познатите фрази, додавки и придавки од типот на “ако“,“можеби“,“загрижувачки“,“неопходно“,“несигурност“,“внимание“…

И сето тоа некако остава простор за сомнеж дека се задоволни од тоа како нештата се придвижуваат. Сомнеж има и заради убеденоста на голем број инвеститори дека и досегашното скромно економско опоравување всушност е вештачко и е резултат токму на олеснителната монетарна политика а дека суштинските проблеми се уште не се надминати. Но да не заборавиме дека комитетот експлицитно ги наведе показателите кои се индикатори за монетарно стегање. Бројот на невработени, инфлацијата, пазарот на недвижности и општата потошувачка односно БНП. Пазарот на недвижности е значително подобрен но не е сеуште на посакуваното ниво. Процентот на невработени е успешно намален (со бришење на оние кои не се активни во барањето работа, бидејќи бројот на вработени е некако непроменет) и е близу до зацртаните 6-7%, инфлацијата е ниска ( близу 0%) и сеуште е многу далеку од посакуваните 2%(што остава простор за понатамошно олеснување), и има значително подобрување кај предвидувањата за БНП.

Па нас ни останува само да заклучиме дека најверојатно врз основа на сите овие согледувања американскиот долар до Среда ке продолжи со летаргичноста а по објавата на извештајот ќе видиме зголемена волатилност, најверојатно продолжување на трендовите (заради очекувањето да нема суштински промени во политиката на пазарниот комитет) онаму каде што ги има. Со евентуално кратење на програмот на олеснување дури од Среда веројатно ќе видиме продолжение на растот на американскиот долар во однос на канадскиот и австралискиот долар и повторно во однос на јапонскиот јен. Можеби повторно неутралност во однос на еврото и британската фунта а доколку реториката е по малку песимистичка можен е и раст и во однос на овие две валути кои се почувствителни на сентиментот. Златото го искористи овој долг период на летаргичност на доларот за заздравување од големиот пад кој го имаше лани, но овде можно е да настане пресврт на движењето цената и златото повторно да почне да паѓа.

Сега пазарите се во рацете на САД односно нејзиниот пазарен комитет. Наше е да видиме како инвеститорската јавност во Среда ќе го протолкува, и правилно да се позиционираме. Но внимавајте ! Бидејќи на пазарот често пати може да е во право и оној кој греши, доколку има доволен или поголем број истомисленици !?

 

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП