9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордниот американски буџетски дефицит се намалува поради економските мерки

Рекордниот американски буџетски дефицит се намалува поради економските мерки

america

Растот на американската економија ќе се успори во 2013 година до 1,4 отсто, се вели во анализата на Службата за буџет во американскиот Конгрес. Тоа успорување делумно ќе се должи на економските мерки што предизвикале редуцирање на буџетскиот дефицит.

Според прогнозите на Службата која е независен орган, БДП на САД ќе се зголеми за 1,4 отсто во 2013 година. Според прогнозите на ММФ и американската Централна банка, растот треба да е меѓу 2,3 и 3 отсто за оваа година.

Во анализата се додава, дека буџетскиот дефицит благодарение на економските мерки, ќе биде двапати понизок од тој во 2009 година – односно ќе биде 5,3 отсто од БДП во крајот на буџетската 2013 година (крај на септември).

Со тоа САД за првпат од 2008 година ќе бидат под т.н. психолошко ниво од илјада милијарди долари и дефицитот ќе биде 845 милијарди долари. Тоа сепак, ќе остане рекордно високо ниво од Втората светска војна досега.

До 2015 година, буџетскиот дефицит на САД може да се намали за 2,5 пати во споредба со денешните показатели, се додава во анализата. Во подалечен план, до 2023 година дефицитот повторно би можел да се доближи до илјада милијарди, а националниот долг да биде до 77 отст од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП