„Van Cleef&Arpels“ лансираа нова колекција на накит инспириран од природата…
„Diamond Breeze“ колекцијата претставува магична креација од бело злато и дијаманти, погодни за било која прилика.
Инспирацијата е добиена од претходната колекција, а полна е со фантазија, поетика и стручност.
Овие прекрасни женски парчиња доаѓаат во четири дизајни: „Socrate“- инспириран од ангелскиот цвет, „Fleurette“- амблемски мотив на брендот, „Nid de Paradis“- ги претставува рајските птици и „Frivole“- дизајниран да ги покаже цветните пупки.