27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПадна профитот на P&G поради кризата и доларот

Падна профитот на P&G поради кризата и доларот

p&g125456633llddld

Профитот на американската компанија „Procter&Gamble“, најголемиот светски производител на потрошувачка роба, падна во вториот фискален квартал за 16 проценти.

Профитот на компанијата се намалил поради јакнењето на доларот и слабиот раст на продажбата на глобално ниво.

Резултатите сепак ги надминаа очекувањата од Волстрит, а акциите на „P&G“ пораснаа за четири проценти на утринското тргување, пренесува агенцијата АП.

Компанијата со седиште во Синсинати, која ги произведува детергентите „Tide“ и апаратите за бричење „Gillette“, моментално поминува преку реструктура, со цел да се фокусираат на најпрофитабилното основно работење и намалување на трошоците за десет милијарди долари до фискалната 2016 година.

Нето профитот за три месеци, заклучно со декември, паднал на 3,43 милијарди долари односно 1,18 долари по акција, од 4,06 милијарди долари односно 1,39 долари по акција од истиот период во 2012 година. „P&G“ како и другите производители на потрошувачка роба, се обидува да го зголеми пазарниот дел во време на бавен раст на развиените пазари. Двигател на растот на компанијата моментално се пазарите во подем, но и на нив се јавуваат знаци на забавување на економијата.

Не сметајќи ги трошоците за реструктура, заработката во вториот фискален квартал изнесувала 1,21 долар по акција, над очекувањата на аналитичарите. Приходите на „P&G“ пораснаа еден процент на 22,28 милијарди долари, додека аналитичарите очекувале 22,34 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП