10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиската состојба пoдобрена на фирмите од градежништвото

Финансиската состојба пoдобрена на фирмите од градежништвото

gradeznistvo

Економската состојба на фирмите од градежништвото, во четвртиот квартал од минатата година во однос на третиот квартал била понеповолна, но поповолна споредено со четвртото тримесечие од 2011 година, оцениле раководителите на фирмите од градежништвото во анкетата на Државниот завод за статистика.

Тие изнеле подобра оценка за финансиската состојба на нивните фирми, споредено со третиот квартал од 2012, како и во однос на четвртиот квартал од 2011.

Во четвртото тримесечје од минатата година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се на исто ниво, како и во претходното тримесечје, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се влошени. Во наредниот период се очекува намалување на продажните цени.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 24,2 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,4 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,4 проценти и немањето побарувачка со 11,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП