
Луксузниот бренд за часовници „Hubolt“, го претставува своето најново луксузно „Jeans“ издание…


Луксузниот бренд за часовници „Hubolt“, го претставува своето најново луксузно „Jeans“ издание…
Овој нов часовник има исти елементи како и останатите, само што има беспрекорен дизајн во вид на џинс во темна нијанса.

Дизајниран специјално за мажи, овој часовник e направен од микро црно куќиште од 44 мм, каиш од џинс сошиен на црната еластична гума, поради зголемена флексибилност, удобност и јачина.

Тој поседува „HUB4100“ механизам кој се состои од 252 компоненти и е водоотпорен на 100 метри длабочина. Од оваа серија ќе бидат произведени само 250 парчиња.