25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува штрајкот на новинарите во државните медиуми во Грција

Продолжува штрајкот на новинарите во државните медиуми во Грција

grcijanovinari

И денеска продолжува штрајкот што почна вчера во медиумите во Грција, објави весникот Етнос. Советот на уредници од дневните весници во Атина објави дека донеле одлука за нов 24-часовен штрајк од деенска до утре изутрина.

Во штрајкот учествуваат новинари од националното радио и телевизија, во атинската информативна агенција, во главниот секретаријат за медиуми, во локалните радио-станици како и во телевизискиот канал на парламентот.

Грчката новинска агенција целосно ја запре работата.

Во соопштение се наведува дека „продолжува борбата за потпишување колективни договори“ и оти протестите ќе бидат во сите медиуми од државниот и приватниот сектор. „Упатуваме осуда до акциите на Владата кои предизвикаа ликвидирање на колективните договори и драстично намалување на платите“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП