3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple не сака да ги користите овие апликации, затоа ги забрани

Apple не сака да ги користите овие апликации, затоа ги забрани

iboobs

Изгледа дека во „Apple“ се доста строги кога станува збор за работи кои може да се најдат во нивната продавница за апликации за „iPhone“ и останатите „iOS“ уреди.

Било каква поврзаност со сексуалните теми, верата и слични работи, доведува до исфрлување или забрана за објавување на апликацијата од „App Store“, но деветте апликации кои ќе ви ги претставиме прво беа присутни во „дуќанот“, но набргу заработија неповратен, излезен билет од него.

Во приложената видео снимка ќе ги видите апликациите „Bang With Friends“ која ве поврзува со останатите корисници кои се подготвени за секс без обврска, „I Am Rich“ која за цена од 1.000 долари на позадината на уредот ви поставува црвен дијамант. Потоа апликацијата „iBoobs“ која на позадината на уредот ви овозможува да поставите гради кои скокаат, а преостанатите апликации погледнете ги во видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП