7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна куќа во Њујорк (фото)

Луксузна куќа во Њујорк (фото)

nu1

Секој има своја идеја за куќата од соништата, секоја од нив е посебна, има единствен декор, мебел и бои…

Секој луксузен дом привлекува внимание, без разлика каде се наоѓа, со својот прилагоден дизајн и уникатен ентериер. Денес вi ја претставуваме оваа фасцинантна куќа во Њујорк, која ја дизајнираше Пиеро Манара.

Со панорамскиот поглед на градот кој никогаш не спие, овој луксузен имот е совршено место за живот. Доколку сакате да уживате во изобилството на луксуз, ова место со своето хармонично осветлување, големите прозорци и светларници, ексклузивните детали и внимателно одбраните декорации, е соврешно место за вас.

Има голема дневна соба, со камин кој има „Eramos“ мермерен финиш. Со четири спални соби, пет бањи, куќна канцеларија, медиа соба, теретана, спа бања и соба за масажа, оваа њујоркшка куќа е совршенство на дизајнот.

Кога ќе излезете на терасата, во истиот момент ќе останете без здив. Со панорама на целиот Њујорк, каде најважен дел претставуваат „Empire State Building“ и Кипот на Слободата, оваа тераса е комплетна.

На неа има дури и туш на отворено, па така, секој аспект од вашиот живот може да биде под ведрото ѕвездено небо. И уште кога знаете дека тоа е ваш дом… тоа е едно сосема различно чувство…

nu2

nu3

nu4

nu5

nu6

nu7

nu8

nu9

nu10

nu11

nu12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП