Наменет за сите љубители на супер автомобилите на „Ferrari“, ова е новиот аксесоар…
Оваа ексклузивна торба е совршен подарок за сите фанови на „Ferrari“. Торбата ќе се вклопи совршено во секоја луксузна колекција.
Рачно е направена од вистинска мека кожа, има две внатрешни прегради од луксузен материјал. Има голем број на ексклузивни детали како што се инсерти од црвена алакантара и детали од јаглеродни влакна.
Инспирирана е од линијата на новите ГТ изданија на „Cavallino Rampante“, па така содржи и неколку делови кои не потсетуваат на самиот луксузен бренд „Ferrari“.
Тоа се, на пример, сите метални зип патенти, како и металната плакета на логото „LaFerrari“ на предната страна. Нејзината цена е 2.500 долари, а достапна е само во црна боја.