25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗападниот Балкан тешко закрепнува

Западниот Балкан тешко закрепнува

ek1

Економското закрепнување на Западниот Балкан е многу слабо, а економската ситуација не се подобрува, оцени Европската комисија (ЕК).

Според економската анализа на извршниот орган на Европската унија, од земјите кандидати за членство во ЕУ, единствено Исланд и Турција имале позитивен раст на економијата и БДП.

Индустриското производство најмногу се намалило во БиХ, Македонија и Србија, каде што „студената зима и сушата го погодија земјоделското производство“.

Во анализата на ЕК се укажува на тешката економска ситуација и падот на БДП во Хрватска, која е на прагот за членство во ЕУ, а се наведува и дека дефицитот на платниот биланс значително е намален во Хрватска, Албанија и Босна, додека во втората половина од минатата година тој беше во пораст во Србија, Црна Гора и Косово.

Инфлацијата на почетокот се повлекуваше, но потоа, особено во БиХ, но и во останатите земји од Западниот Балкан дојде до „притисок врз цените на мало“, а невработеноста и понатака останува на високо ниво особено во БиХ, Косово, Србија и Македонија, заклучуваат од ЕК.

Буџетскиот дефицит, наведува ЕК, е намален во Хрватска, Црна Гора и Албанија, иако во тие земји е сеуште повисок од планираниот.

Помал буџетски суфицит забелажале Босна и Косово, додека во Македонија, оценуваат од ЕК, дојде до „опуштена буџетска политика“, најпрво целта беше дефицитот да биде 2,5 проценти од БДП, но потоа со одлуката на владата, границата беше зголемена на 3,5 проценти од БДП.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП