7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple им е помалку забавен на корисниците за разлика од Microsoft и...

Apple им е помалку забавен на корисниците за разлика од Microsoft и Samsung

China Apple

Студијата која ја спроведе агенцијата „Forrester“ во врска со задоволството на корисниците покажа дека „Apple“ полека заостанува, додека на прво место и натаму неприкосновено се наоѓа „Amazon“.

„Apple“ веќе втора година поред е позната како компанија која ги прави корисниците да се чувствуваат посебни и задоволни, па така интересно е тоа што резултатите кои ги објави „Forrester“ покажуваат дека компанијата полека го губи чекорот со конкуренцијата.

Ова е трета година во која „Forrester“ го мери задоволството кое луѓето го чувствуваат кога се во прашање некои од технолошките компании.

Ова е прв пат „Apple“ да се најде зад „Sony“, „Microsoft“ и „Samsung“ и тоа точно по овој редослед, а резултатите се добиени врз основа на мислењето на 7.500 Американци.

Бројките покажаа дека само една компанија е доминантна и тоа е „Amazon“, која доби 8 бодови повеќе во однос на останатите компании, особено од корисниците на „Kindle“ уредите.

Истражувањата на „Forrester“ во последно време не се многу наклонети кон „Apple“, затоа што нивното неодамнешно истражување покажа дека корисниците повеќе му веруваат на „Microsoft“ отколку на компанијата од Купертино.

Од друга страна, нема да биде преголемо изненадување „Apple“ да работи на целосно нов план кога станува збор за задоволството и грижата на корисниците, кога се поголем број на луѓе своите уреди ги купуваат на интернет и кога нивното задоволство се истражува низ потполно нова призма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП