6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБесплатна и не толку позната онлајн игра заработи скоро милијарда долари (видео)

Бесплатна и не толку позната онлајн игра заработи скоро милијарда долари (видео)

krosfajer

„Кросфајер“, „FPS“ играта дизајнирана од страна на програмери од Јужна Кореа, минатата година заработила скоро милијарда долари со што стана една од најуспешните бесплатни игри.

Играта „Кросфајер“ премиера имаше уште пред седум години во Јужна Кореа и може да се каже дека е базирана на популарната „Кантер Страјк“, но многуте модификации и донесоа голема популарност.

Во квалитетната основа додадени се многу повеќе опции, мапи, оружја и ликови поради кои популарноста на оваа игра стана се поголема.

Меѓутоа, за минатогодишниот финансиски успех и заработката од 957 милиони долари, најмногу е заслужен фактот, дека и покрај тоа што е бесплатна, корисниците мораат да купуваат дополнителна опрема за да можат да напредуваат и дополнително да ги развиваат своите ликови.

Тоа е и единствената работа на која корисниците и замеруваат на компанијата „СмајлГејт“, како и фактот дека во играта постојат голем број од играчите кои ги користат сите начини за да мамат.

Но и покрај тоа, нејзиниот успех е неспорен, но и вие уверете се во тоа:

Покрај оваа игра, голем матријален успех забележаа и насловите, „Лиг оф Леџендс“ (624 милиони долари), „Ворлд оф Тенкс“ (372 милиони ) и „Тим Фортрес 2“ (139 милиони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП