7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSAP очекува позитивно влијание oд работењето со „cloud computing“

SAP очекува позитивно влијание oд работењето со „cloud computing“

sap

Германскиот софтверски гигант „SAP“ очекува нивниот бизнис со „cloud computing“ да ги поддржи приходите и во идните години, додека добивката во оваа година би требало да успори.

Во 2013-та година приходите на „SAP“ изнесувале 16.9 милијарди евра, а во 2015-та би требало да пораснат на минимално 20 милијарди евра, т.е. на милимални 22 милијарди евра во 2017-та година, соопштија денеска од германската компанија.

„Очекуваме комбинацијата на стабилно и високопрофитабилно основно работење и брзорастечко работење со „cloud computing“ да ни осигура континуиран раст и зголемување на маргината“, истакнуваат од „SAP“.

Во минатата година приходите од „cloud computing“ ги надминаа очекувањата, достигнувајќи 787 милиони евра. Ова година би требало да изнесуваат 950 милиони до една милијарда, додека во 2015 да достигнат околу 2 милијарди евра. Ваквиот раст тие очекуваат да продолжи и во 2017-та за кога предвидуваат приходите да достигнат од 3 до 3.5 милијарди евра.

„Темелот на нашиот глобален замав во 2013-та ќе го забрзаме со преминувањето на „cloud computing“, истакнаа во заедничкото соопштение Извршните директори Џим Хагеман и Бил МекДермот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП