30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДва нови ,,iPhone" модели подготвува ,,Apple" оваа година

Два нови ,,iPhone” модели подготвува ,,Apple” оваа година

apple-wallpaper-logo

За оваа година компанијата „Епл“ подготвува два нови модела на „ајФон“, кои ќе имаат големи екрани и уште еден поголем „ајПад“.

Додека повеќето мобилни компании веќе подолго време претставуваат смартфони, чија дијагонала на екранот е поголема од четири инчи, а некои компании во своите понуди имаат модели со екрани поголеми од шест инчи, „Епл“ дури во втората половина на 2012 година ја зголеми дијагоналата на својот „ајФон“ од 3,5 на скромни четири инчи.

Љубителите на „Епл“ и аналитичарите веќе подолг период сакаат да видат „ајФон“ кој со својата големина ќе им биде конкуренција на телефоните Галакси на „Самсунг“, Експерија на „Сони“, Нексус на „Гугл“ и другите популарни телефони.

Имено, во „Епл“ конечно сфатиле дека е важна големината, и според последните информации оваа година планираат да претстават дури два „ајФона“ кои ќе имаат големи екрани, како и „ајПад Про“ со екран поголем од 12 инчи.

Еден од двата модела на „ајФон 6“, чие претставување се очекува во втората половина на годинава, наводно ќе има 4,7 инчи екран со резолуција 1600 х 900 пиксели.

Другиот модел ќе има поголем екран – дијагонала од 5,5 инчи со Фул ХД резолуција, со што „Епл“ ќе влезе на се попопуларниот пазар на таблети, односно хибриди меѓу смартфони и таблети.

Двата модела би требало да имаат импресивни перформанси – веројатно 64-битен А8 процесор, поголема меморија, подобра графика и поквалитетна камера.

Што се однесува до новиот модел на „ајПад“, до крајот на годинава може да се очекува модел со дијагонала на екранот од дури 12,2 инча и резолуција 2732 х 2048 пиксели.

Освен новите верзии на веќе постоечките мобилни апарати, „Епл“ оваа година би требало да претстави еден целосно нов производ, а тоа е паметниот часовник „iWatch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП