9 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

vesti-svet

– Кинеската економија во 2013 година забележа најнизок раст во последните 14 години, но резултатот е сепак подобар од прогнозите на кинеските власти. Тоа успорување на растот на Кина која е второ светско стопанство по големина, се должи на падот на побарувачката и инвестициите на крајот од минатата година, кој може да продолжи и во 2014 година.

– Новозеландскиот долар оствари најголем пад меѓу главните валути, по 9 месечниот раст. Британската фунта зајакна половина процент откако беа објавени подобрите декемвриски податоци од прогнозираните, што многу инвеститори ги наведе на погрешни чекори при трговија со фунтата, по 6 месечниот астој во однос на доларот.

– Амазон по беспилотните авиони подготвува уште една неверојатна иновација – испорака на порачки и пред купувачите навистина да ги порачаат. Трговскиот гигант минатиот месец пријави патент кој не е баш кристална топка, ниту времеплов, но за кој во Амазон веруваат дека толку прецизно може да го предвиди однесувањето на купувачите, па компанијата ќе започне со т.н, антиципарни испораки, со цел да го скуси времето на чекање на порачките.

– На Европската комисија Хрватска ќе претстави студија за изградба на Пељешки мост со кој хрватскиот југ ќе се поврзе со остатокот од земјата, јавија хрватските медиуми. Ако проектот за изградба на овој мост ги задоволи строгите критериуми за финансирање, ЕК ќе даде потврден одговор, но пред тоа треба и детална студија за изводливост, како и пред студија која мора да потврди дали Пељешки мост навистина е најдобро решение за сообраќајно поврзување.

– Еден од водечките светски производители на мотори и друга опрема за авиони, француската компанија Сафран, откупи дел од активностите на американската фирма Iton erospejs. Трансакцијата е вредна околу 270 милиони долари т.е. 200 милиони евра, а треба да биде завршена во текот на првата половина оваа година, пренесе францускиот весник Капитал.

– Германската Дојче банка пријави дека во последното тромесечје лани забележала вкупна загуба од 1 милијарда евра. Таа банка во последниот квартал во 2012 година имала вкупна загуба од 2,2 милијарди евра.

– Европската инвестициска банка одобри 150 милиони евра кредит за инфраструктура на проекти и за мали и за средни компании во Србија. – Ова е прв дел од кредитната линија од вкупно 500 милиони евра која е наменета за стопанско зајакнување и помош околу европските интеграции на Србија – се вели во соопштението на ЕИБ.

– Американскиот производител на компјутери и делови за компјутери Интел во 2014 година бројот на вработените ќе го намали за 5 отсто, што може да подразбира и откази. Најголемиот светски производител на полупроводници моментално вработува околу 107.000 луѓе во светот и се соочува со пад на продажба на микрочипови. Интел сака да се преориентира кон сегменти кои се во силен пораст, пренесе францускиот весник Капитал.

– На списокот на основачи на домашни компании се наоѓаат дури 21.611 странски компании и државјани. Евиденцијата на Агенцијата за стопански регистер покажува дека вкупно 158 фирми и граѓани кои потекнуваат од оваа егзотична држава на Карибите, во Србија се појавуваат како сопственици на домашни компании.

– Странските купувачи на американски државни обврзници го зголемија обемот на тие хартии од вредност во свој посед во ноември, четврти месец по ред. Вкупниот обем на обврзниците во посед на странци порасна во ноември 1,1 отсто на 5,72 билиони долари, по многу помалиот раст од 0,04 отсто од октомври, наведе министерството.

– Потрошувачките цени во САД во декември пораснаа 0,3 отсто, по два месеца мирување, главно како резултат на растот на цените на енергенсите, соопшти Министерството за труд. Кога ќе се исклучат нестабилните цени на енергенсите и храната, основниот индекс на потрошувачките цени ЦПИ пораснал минатиот месец само 0,1 отсто, што покажува дека инфлацијата е главно под контрола.

– Најголемиот светски трговски ланец на електронска стока за широка потрошувачка, американската компанија Бест бај, забележа пад на приходите во продавниците во САД. Групацијата со седиште во Минеаполис се повика во соопштението, меѓу другото и на политиката на агресивна промоција која ја водеа нејзините конкуренти, за да ги објасни лошите резултати во наведениот период.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП