28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei тивко го објави Ascend P6 S

Huawei тивко го објави Ascend P6 S

huawei-ascend-p6-s

Компанијата „Huawei“ без голема медиумска фама ја објави „S“ верзијата на својот паметен телефон „Ascend P6“, која доаѓа со дебелина од 6.5 mm, додека нејзината цена изнесува 330 евра.

Чипсетот во новиот модел ќе биде многу помоќен, па така овој смартфон пристигнува со „quad-core“ процесор со 1,6 Ghz, но нема „LTE“ поддршка. Покрај тоа, ова е „dual-SIM“ смартфон за разлика од претходникот кој ја немаше оваа опција. „Ascend P6 S“ доаѓа со платформата на„Android“ – „4.2 Jelly Bean“, како и корисничкиот интерфејс „Emotion UI 2.0“.

Остатокот од спецификациите е идентичен, па така се очекува смартфон со 4.7 инчен „LCD“ екран со 720p резолуција, 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија, камера од 8 мегапиксели, како и батерија од 2000mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП