20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата паста за заби (фото)

Најскапата паста за заби (фото)

theo1

Се прашувате каков вкус има најскапата паста за заби? Дали би сакале да ги миете забите со чоколадо секој ден?

theo2

Знаеме дека ова звучи лудо, но најскапата и технолошки најнапредната паста за заби во светот, чие име гласи „Theodent 300 Whitening Crystal Mint“ содржи какао екстракти како своја главна состојка.

THEODENT CHOCOLATE-BASED TOOTHPASTE

Додека сите мислевме дека флуоридот е она што ја прави најефикасна пастата за заби, сме биле во заблуда. Како што се испостави, „Theodent 300“ со своите состојќи базирани на какао ги избелува забите, ја зајакнува забната глеѓ и ги прави забите поздрави.

theo3

Оваа патентирана формула ја открил д-р Тетсуо Накамото, а таа е многу моќна и не е токсична. Свежа, со арома на ментол, „Theodent 300“ е една од најскапите пасти за заби во светот. Спакувана е во два вида, прекрасна бела туба со златно капаче и натпис и чоколадна туба со златно капаче и натпис. Вистинско луксузно пакување кое потсетува на чоколадо.

theo5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП