9 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

vesti-svet

– Шпанските банки во ноември евидентираа рекордно ниво на ризичнте кредити, додека финансискиот сектор се подготвува за завршување на програмата од 41 милијарда евра. Дури еден од осум кредити во шпанските банки бил ризичен во ноември, а финансиските институции оптоварени се со такви кредити уште од пукањето на балонот на пазарот за недвижнини од 2008 година, кое доведе до рецесија и рекордна невработеност.

– Законот за заштита од банкрот на работодавците може да стапи на сила во 2015 година, рече министерот за труд и социјална заштита на Русија Максим Топилин. Тој на меѓународната економска конференција Гајдаровски форум во Москва, објасни дека законот предвидува воведување на придонеси во Фондот за социјално осигурување во висина од 0,05 отсто.

– Американската информатичка компанија ИБМ ќе инвестира околу 1,2 милијарда долари за изградба на 15 нови центри за обработка и чување на податоци на петте континенти. Компјутерскиот џин на тој начин сака да ги прошири своите услуги за работење во облак (cloud computing), да освои нови пазари и да привлече нови корисници, пренесоа агенциите.

– Буџетскиот дефицит на Франција во 2013 година изнесувал 74,9 милијарди евра, што е повеќе за 2,7 милијарди евра од предвиденото, соопшти Министерството за финансии. Поголемиот буџетски дефицит од очекуваниот претставниците на француското министерство го објаснуваат со фактот од помал прилив на даночните приходи отколку што било предвидено.

– Нето профитот на американската компанија Џенерал електрик порасна 5 отсто во четвртиот квартал. Резултатите се во согласност со очекувањата на аналитичарите од Волстрит, а акциите на ЏЕ скокнаа по објавувањето на веста.

– Просечната месечна нето плата за ноември 2013 година во Словенија изнесувала 1.044,89 евра, соопшти словенечкиот Завод за статистика. Просечната нето плата во дадениот месец била 1 отсто повисока од ноември 2012 година, но уважувајќи ја инфлацијата и реално помала од 3,0 отсто.

– Најголемиот кинески оператор на мобилна телефонија Чајна мобајк покрена продажба на ајфон на американската компанија Епл. По долготрајните преговори Епл се бори за удел на големиот кинески пазар на паметни телефони, а таа компанија и Чајна мобајл, со 760 милиони претплатници предвидуваат успешна соработка.

– Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Португалија на ниво ББ со негативна прогноза. Негативната прогноза одразува понатамошна присутност на општествените и политичките ризици во врска со работите на намалување на товарот на долгот на приватниот и државниот сектор, се наведува во соопштението.

– Предлог законот според кој во Русија би било забрането користење на долари, очекувано не стигна на гласање, бидејќи предлагачот Михаил Дегтјарјев неодамна го повлече. Според предлогот поднесен во ноември, во Русија би бил воведен транзициски период во траење од една година, со цел сите кои имаат депозити во долари да имаат време да ги потрошат или заменат за некоја друга посигурна валута.

– Ројал Дач Шел очекува значително понизок профит во четвртиот квартал во однос на неодамнешните нивоа, поради растот на трошоците за истражување и неповолните услови за работење. Шел очекува нето профитот во трите месеци заклучно со декември да падне 70 отсто на 2,2 од 7,3 милијарди долари од истиот период во 2012 година.

– Јазот меѓу богатите и сиромашните најверојатно ќе биде најголема опасност за светската економија следните години, наведе Светскиот економски форум. Форумот чиј годишен собир официјално почнува во среда, наведе дека нееднаквоста во приходите по светската финансиска криза претставува најверојатен ризик кој ќе предизвика светски последици во следната деценија.

– Владата на Малта ја отфрли поканата на пратениците на Европскиот парламент за прекин на планот за продажба на пасоши на странски инвеститори. Европскиот парламент ја усвои резолуцијата во која од Малта се бара да ја прекине програмата и истакна дека со тоа се нарушува секој концепт на европското државјанство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП