26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуската држава и кинескиот ДонгФенг, нови акционери на ПСА Пежо Цитроен

Француската држава и кинескиот ДонгФенг, нови акционери на ПСА Пежо Цитроен

peugeotcit1

Советот за следење на ПСА Пежо Цитроен го валидира принципот за влегување на државен капитал во капиталот на претпријатието исто како и влегувањето во капиталот на кинескиот конструктор на автомобили ДонгФенг, јави дописникот на МИА од Париз.

Операцијата, која се најавува веќе поодамна, ќе треба да вбризга околу три милијарди евра свеж капитал во ПСА Пежо Цитроен, по што со француската компанија ќе управуваат три главни акционери: Француската држава, ДонгФнег секој со по 14 отсто од капиталот на претпријатието и семејството Пежо.

Во првата фаза новите акционери на ПСА, секој ќе донесе по 800 милиони евра, односно 1,6 милијарди. Семејството Пежо од негова страна ќе донесе меѓу 80 и 120 милиони евра, со што учествотот на семејството Пежо во ПСА ќе изнесува од 25,4 отсто сега на 14 отсто.

Во втората фаза францускиот автомобилски конструктор ќе се сврти кон пазарот, каде на вработените на ПСА ќе им се понуди исто така да купат акции по цена од 7,5 евра за акција. Акцијата на ПСА во петокот беше котирана со 11,48 евра, а од почетокот на годинава загуби 12,75 отсто од вредноста.

Продажбата на автомобили прозиведени од ПСА се намали за 4,9 отсто во 2013-та година, односно 2,82 милиони продадени автомобили. Во 2012-та година продажбата на ПСА падна за 16,5 отсто.

ПСА прекина од пред две години со активностите во Иран, но затоа пак напредува на пазарот во Кина каде продаде 557.000 автомобили, односно 26 отсто повеќе. Во Латинска Америка ПСА продаде 7 отсто повеќе автомобили, односно вкупно 303.000 автомобили. ПСА има за

цел надвор од европскиот континет да продава околу 50 отсто од своето призводство, во 2013-та година тоа беше 42 отсто, додека во 2012-та 38 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП