4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни Maserati слушалки (фото)

Луксузни Maserati слушалки (фото)

mas1

„Maserati“ и „Bowers & Wilkins“ брендовите имаат успешна и долготрајна соработка…

Тие веќе соработуваа на креирањето на „Bowers & Wilkins 805 Maserati“ изданието на звучници и аудио системи за „Maserati Ghbili“ и „Maserati Quattroporte“. Тоа успешно партнерство прави уште еден величенствен потег, со креирањето на слушалките „P5“, во ограничено издание.

mas2

Тие при изработката на овој проект го комбинираа реномираното наследство на двата бренда – дизајнот, инжeнерингот и технологијата, и така креираа луксузни слушалки, направени од алуминиум и високо квалитетна мешавина на кожа. „Maserati“ логото е претставено е на овие слушалки на темно синиот дел на луксузната кожа, како и на кожната патна торбичка.

mas3

Високо квалитетниот звук на овие слушалки се пренесува со специјално развиените ултра линеарни неодиумски магнети и високо оптимизираната „Mylar“ дијафрагма – овие технологии ја максимизираат изолацијата на буката, па така можете совршено да уживате во својата омилена музика, без да ви пречи буката.

mas4

Аксесоарите кои ги следат овие слушалки се кабел за „iPhone“ за кој тие можат да бидат како „hands free“ слушалки, далечински управувач и стандарден аудио кабел со позлатени џекови.

mas5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП