28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИeBay подготвува посебна онлајн продавница за големи брендови

eBay подготвува посебна онлајн продавница за големи брендови

ebay brendovi

„eBay“ подготвува нова онлајн продавница, која ќе е насочен кон големите и познатите брендови. Таа ќе се вика „The Plaza“ и ќе наликува на виртуелен центар, тврдат аналитичарите од „Macquarie Capital“.

Во „The Plaza“ ќе се продава стока директно од брендот до корисникот без посредници и без аукции. Стоката ќе биде само нова. За сметка на тоа, компаниите ќе се врзани со малку построги правила, кои за сега се непознати.

Надежите на „eBay“ се дека преку „The Plaza“ ќе го привлечат вниманието на големите брендови, кои ќе можат да ја продаваат својата стока. Компанијата е инспирирана од виртуелената продавница „Tmall“ на „Alibaba“ во Кина, која ужива огромен успех нудејќи стоки од над 70 илјади брендови, вклучувајќи ги „Apple“, „Nike“, „Gap“ и други.

За сега не е познато дали алтернативата на „eBay“ ќе е достапна само во САД или ќе се нуди и во други земји. Компанијата одбива да коментира на оваа тема со образложение дека не дискутира гласини и шпекулации. Нејзиниот портпарол сепак изјави, дека „eBay“ секогаш ги разгледува новите и интересни начини да им помогне на своите партнери да продаваат директно на глобалните клиенти на „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП