3 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Москва – Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека неговиот извоз во Србија во текот на 2013 година пораснал за 56,7 отсто. Во извештајот за резултатите на „Газпром Експорт“ за 2013 година е наведено дека компанијата извезла 161,5 милиони кубни метри природен гас, од кои 127 милиони кубици во западна Европа, а 34,5 во земјите на источна и централна Европа.

Љубљана – Најголемата синдикална организација во Словенија е против продажба на „Меркатор“ по секоја цена. Во отворено писмо до претседателот на Надзорниот одбор на „Меркатор“, Матеј Лаховник, синдикатот истакнува дека сака компанија конечно да добие стабилен сопственик и дека затоа треба да се продаде, но дека тоа не треба да се прави по секоја цена.

Љубљана – Пристаништето во словенечкиот град Копер во 2013 година оствари нето добивка од 8,2 милиони евра, што е за 17 отсто помалку од истиот период лани. Според прелиминарните консолидирани резултати за 2013 година, деловните приходи на пристаништето се намалиле за два отсто во однос на претходната година и достигнале 141,7 милиони евра.

Цирих – Новиот авионски превозник „Етихад Регионал“, со седиште во Швајцарија, свечено е претставен во Цирих. Новата авиокомпанија е основана во партнерство со националниот авионски превозник на Обединетите Арапски Емирати, „Етихад Ервејз“.

Париз – Со продажбата на еден процент од своите акции во европската авионска корпорација „Ербас Груп“, Франција обезбеди приход од 451 милион евра. Со продажбата на околу осум милиони акции на институционални инвеститори, францускиот удел во овој концерн, чие поранешно име е ЕАДС, е намален на 11 отсто, колку што изнесува и учеството на Германија, соопшти француското Министерство за економија и финансии.

Брисел – Белгиските рибари лани биле принудени да фрлат или да продадат како отпад над 300 тони свежа риба, поради недоволната побарувачка на домашниот пазар. Во декември 2013 година многу рибарски бродови се вратиле во пристаништето Зебруг со 15.000 килограми риба со исклучителен квалитет, но таа не се нашла на трпезите бидејќи ниту една рибарница, маркет или компанија не покажале интерес за нејзин откуп.

Москва – Рускиот производител на оружје „Калашников“ соопшти дека потпишал договор за извоз до 200.000 пушки годишно во Канада и САД. Договорот со компанијата задолжена за увоз на руско оружје на американскиот пазар, „Рашан Вепон Компани“ е потпишан на саем во Лас Вегас, наведе рускиот производител.

Пекинг – Странски директни инвестиции во Кина лани значително пораснале, по падот од 2012 година. Кинеските инвестиции во странство, исто така забележаа раст, а властите тврдат дека оваа година можат да го надминат обемот на инвестициите во земјата.

Њујорк – Американскиот банкарски гигант „Ситигруп“ двојно го зголемил профитот во четвртиот лански квартал, благодарение на намалените трошоци. Профитот на банката во четвртото тримесечје пораснал на 2,7 милијарди долари од 1,2-те милијарди, колку што изнесуваше во истиот период во 2012 година, додека приходите истовремено се намалиле на од 17,9 на 17,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП