3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на Goldman Sachs

Потона профитот на Goldman Sachs

goldmangold696

Американската инвестициона банка „Goldman Sachs“ во четвртиот квартал забележа пад на заработката од 20,6 проценти, поради високите судски трошоци во кои учествуваше.

Банката во три месеци заклучно со декември оствари профит од 2,2 милијарди долари и приходи од 8,8 милијарди, во однос на профитот од 2,8 милијарди и приходите од 9,2 милијарди долари од истиот период претходната година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Проширувањето на нашата база на клиенти и ценовната дисциплина ни овозможија да оствариме солидни резултати и покрај тоа што условите за бизнис беа полни со предизвици“, изјави извршниот директор на „Goldman Sachs“, Лојд Бланкфајн.

На профитот на банката влијаеше растот на оперативните трошоци од 6,2 проценти, вклучувајќи ги и резервите одвоени за судски трошоци во износ од 561 милион долари во однос на 261 милион од четвртиот квартал во 2012 година. Високите судски трошоци доаѓаат во време кога големите банки се соочуваат со остра регулаторна клима по финансиската криза.

„Goldman Sachs“ наведува дека на ниво на цела 2013 година заработката е зголемена за шест проценти на 7,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП