17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе забрани рекламирање на луксузни производи

Кина ќе забрани рекламирање на луксузни производи

closc

Кинеските радио и ТВ канали ќе забранат рекламирање на луксузни производи како што се часовници, ретки поштенски марки и монети, објави во средата државната агенција „Xinhua“, додавајќи дека тоа е дел од акцијата на владата во Пекинг со цел да се спречи расипништво и корупција.

Таквите реклами содржат општествено непожелни вредности и помагаат во создавање на лош општествен дух, пишува Xinhua, пренесувајќи го соопштението на Државната управа за радио, филм и телевизија (SARFT).

Како важна културна и идеолошка потпора, радио и телевизиските канали би требало во целост да го променат своето влијание со цел да го едуцираат населението, се вели во соопштението на „SARFT“.

Забраната следуваше по повикот од бившиот кинески претседател, Кси Јинпинг за борба против корупцијата. Тој во говорот на 22 јануари изјави дека борбата против „мушичките“, односно оние кои се наоѓаат на дното на социјалната скала и кои се вклучени во корупција, е еднакво важна како и борбата против „тигрите“, односно оние кои се на врвот.

Кси предупреди дека неуспехот во искоренување на корупцијата ќе го доведе во прашање опстанокот на кинеската Комунистичка партија, која беше потресена од низата на корупциски скандали на највисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП