25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВан Ромпуј: Неколку милијарди евра за вработување на млади

Ван Ромпуј: Неколку милијарди евра за вработување на млади

rompuj1

Претседателот на Советот на Европа, Херман Ван Ромпуј соопшти дека има намера да предложи донација, од неколку милијарди евра за вработување на младите, во европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година.

-Јас во четврток ќе покренам иницијатива за донација од неколку милијарди евра за вработувањето на младите, овие пари ќе им бидат доделени на најзагрозените региони, со цел да се вработат повеќе млади личности, изјави Ромпуј.

-Европскиот буџет треба да ни помогне да се соочиме со најитните проблеми кај вработувањето на младите, нагласи тој.

Невработеноста во декември минатата година погоди 25,9 милиони лица од ЕУ, од кои 5,7 милиони лица беа помлади од 25 години. Најпогодените земји се Грција (57,6 проценти од младите до 25 години) и Шпанија (55,6 проценти).

Европските лидери ќе се состанат во четврток и петок во Брисел на новиот самит посветен на буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП