26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомплетирно второто коло на Европското првенство во Данска

Комплетирно второто коло на Европското првенство во Данска

okokokol

На ракометниот европскиот шампионат во Данска синоќа беше комплетирано 2.коло по кое шест репрезентации веќе обезбедија пласман во следната фаза. Селекциите на Хрватска, Шведска и Франција им се приклучија на Данска, Шпанија и Исланд.

На вчерашните дуели во Архус во Ц групата: Русија – Србија 27:25, Полска – Франција 27:28.

Табела: Франција 4 бодови, Србија 2, Русија 2, Полска 0.

Во Д групата во Копенхаген: Хрватска – Црна Гора 27:22 и Шведска – Белорусија 30:22.

Дуелот Шведска – Белорусија го судеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Денеска на шампионатот се играат натпреварите од 3.коло во А и Б групите, а двојките се:

Македонија – Австрија (почеток 18:15 часот) и Данска – Чешка (20:30) во Хенрнинх, додека во Алборг играат: Шпанија – Исланд (18) и Унгарија – Норвешка (20:15 часот). з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП