2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на China Mobile нарачале милиони iPhone уреди

Корисниците на China Mobile нарачале милиони iPhone уреди

china movile

Беше потребно некое време да се постигне договор помеѓу „Apple“ и кинескиот оператор „China Mobilе“, но сега соработката ќе биде многу плодна.

Како што пренесува „Wall Street Journal“, корисниците преку овој оператор веќе нарачале милиони примероци од паметниот телефон „iPhone“, a продажбата официјално ќе започне во петок.

Извршниот директор на компанијата „Apple“, Tим Кук вели дека е голем оптимист во врска со исходот од соработката со „China Mobilе“.

Инаку, со договорот со „China Mobile“, „Apple“ и „iPhone“ официјално се достапни кај сите три кинески државни оператори. Воедно, „Apple“ доби и пристап до база од уште 700 милиони потенцијални корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП