5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се купи Google во последно време?

Што се купи Google во последно време?

gugle muglea

„Google“ направи голема аквизиција со купувањето на компанијата која ги произведува „паметните“ термостати „Nest“ за сума од 3,2 милијарди долари.

„Nest“ ја основаше човек кој го дизајнираше „Apple – iPod“. Производите на оваа компанија потсетуваат на уредите на „Apple“ и производите на „Nest“ ги сакаат луѓе кои ги сакаат уредите на „Apple“. Интересно е што производите на „Nest“ дури и се продаваат во продавниците на „Apple“. „Nest“, накратко изгледа и совршена акцизиција за „Apple“, кој се труди да пронајде нова линија на производи со цел да го прошири својот делокруг на работење.

Меѓутоа, „Apple“ не ја купи „Nest“, туку тоа го стори „Google“.

Се чини дека со овој потег продолжува шаблонот во кој, двата лути ривали ги вкрстуваат роговите. „Google“ ги поправува своите слабости (хардверот) многу побргу од што тоа го прави „Apple“ со своите слабости (софтверот и сервисите).

На прв поглед се чини дека агресивноста на „Google“ повторно ја фати компанијата од Купертино неподготвена.

Нормално, „Nest“ е единствената компанија која „Google“ ја купи во последно време.

gugle muglea1

Овој технолошки гигант во изминатава година купи барем 21 компанија. Покрај автоматизираните домашни производи, „Google“ ги купи или моментално работи на развојот на:

– Човечки роботи

– Софтвер за детекција на сообраќај

– Воздушни турбини

– Роботски раце

– Роботски тркала

– Технологија за препознавање на гестови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП