
Дали мислите дека вашите прсти се премногу дебели за да можете да користите екран на допир или можеби ви пречат долгите нокти. Една жена измислила производ за вас.


Дали мислите дека вашите прсти се премногу дебели за да можете да користите екран на допир или можеби ви пречат долгите нокти. Една жена измислила производ за вас.
„Tech Tips“ е некој вид на прстен кој го има во различни големини и ви овозможува да користите таблет и смартфон дури и ако сте малку несмасни.
Производот може да се носи и преку дебели ракавици, што значи дека не морате да ги соблекувате кога ќе телефонирате.

Прстенот е претставен на Саемот за електроника во Лас Вегас и чини околу 10 долари.
Тоа е дело на Шри Веланк, која дошла до идејата откако нејзините долги нокти и пречеле при користење на смартфонот.
Веланк, која е од Индија, а сега живее во Америка вели: „Првиот „iPhone“ го добив во 2011 година и ми беше тешко да го користам поради долгите нокти. Затоа одлучив да направам нешто како прстен кој ќе биде мал, евтин и прецизен“.
Таа додаде дека, „ноктите треба да изгледаат убаво и дека ниедна жена не треба да ги жртвува поради уред“.