
Медиумскиот тајкун Руперт Мурдок ја продаде својата неверојатна јахта „Rosehearty“ по цена од 29,7 милиони долари…


Медиумскиот тајкун Руперт Мурдок ја продаде својата неверојатна јахта „Rosehearty“ по цена од 29,7 милиони долари…
Ова луксузно пловило, долго 138 стапки има ентериер кој го дизајнираше Кристијан Лиагри, а се состои од пет кабини за гости, трпезарија, теретана и мулти-медија соби. Целокупната опрема за уживање во морето и океанот исто така е дел од понудата.
Руперт јахтата ја стави на продажба три месеци по поднесувањето на барање за развод од својата поранешна сопруга Венди Денг. Јахтата е продадена во текот на божиќните празници а идентитетот на купувачот не е откриен.
Инаку, оваа јахта е конструирана во 2006 година од страна на луксузниот бренд „Perini Navi“, кој се наоѓа во Виареџо во Италија.
Погледнете го луксузот и гламурот во неа…





