2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите ThinkPad ultrabook и ThinkPad таблет на Lenovo

Новите ThinkPad ultrabook и ThinkPad таблет на Lenovo

lenovo laptopotpt

„Lenovo“ на „CES“ го претстави најновиот додаток во своето портфолио, третата генерација на „ThinkPad X1 Carbon“, најлесниот 14 инчен „ultrabook“ и „ThinkPad 8“ 8-инчен таблет кој нуди целосно „PC“ искуство.

Новиот „X1 Carbon“ е тежок само 1,27kg. Куќиштето е направено од карбонски влакна, кои тежат помалку од магнезиумот и алуминиумот, но од нив е повеќе отпорен.

Компјутерот има „ColorBurst“ екран кој нуди остра, посветла слика на повисока резолуција со подобри агли на гледање за супериорно визуелно доживување, користи технологија за брзо полнење на батеријата, кое овозможува полнење до 80% за пократко од еден час, а трањето на батеријата е 9 часа.

lenovo tabletoto

Таблетот „ThinkPad 8“ е наменет за оние кои сакаат повеќе од својот преносен уред, со можност за поврзување на тастатура и екран со целосно „PC“ искуство, велат од „Lenovо. Овозможено е едноставно поврзување со изборна база на која има тастатура или мониторот да се користи за десктоп начинот на работа.

„„Lenovo“ продолжува да ги поместува границите на дизајнот и технологиите со цел да ги направи најдобрите производи на пазарот. Нашата опсесија во потрагата за совршенство резултираше со паметни уреди дизајнирани да го подобрат начинот на кој луѓето комуницираат дома и на работа“, вели Петер Хортенсиус од „Think Business Group, Lenovo“.

„ThinkPad X1 Carbon“ моделите имаат основна цена на модел од 1299 долари и ќе биде достапен на пазарот од крајот на јануари, а исто така и таблетот „ThinkPad 8“ чија основна цена на модел ќе изнесува 399 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП