2 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Истарската пршута од 2011 година е заштитена според стандардите на ЕУ и ова не е првпат Словенија да ја негира изворноста на хрватските производи, предупредуваат хрватските европратеници Тонино Пицула и Ружа Томашевиќ, по повод словенечкиот приговор на хрватското барање за заштита на потеклотот на овој месен специјалитет од Истра. Пицула ја праша Комисијата кој е нејзиниот став околу приговорот на Словенија, а притоа истакна дека – патот во Европа веќе ги блокираше хрватскиот крањски колбас, додека  Томашевиќ се интересира дали ЕК го смета словенечкиот приговор за злоупотреба и удар на слободата на пазарот.

Загреб – Акционерите на „Меркатор“ бараат „Агрокор“ во текот на идната недела да достави дополнителни образложенија за новата понуда за преземање на тој трговски ланец. Продажниот конзорциум на мнозинските сопственици на „Меркатор“ ја разгледа новата понуда на „Агрокор“ со која се намалува цената по акција во однос на купопродажниот договор и се нуди докапитализација. Бидејќи врз основа на овој план, кој им е доставен на четири страници, добиле значително помал износ за своите акции, акционерите од „Агрокор“ побараа идната недела да им бидат доставени дополнителни образложенија, а посебно информација за тоа како ќе се обезбедат средства за реализација на купопродажниот договор, јави ПОП-ТВ која тврди дека склучувањето на договорот е се помалку веројатно, имајќи предвид дека рокот истекува кон крајот на јануари.

Подгорица – Поранешниот финансиски директор на „Комбинатот за алуминиун – Подгорца“ (КАП), рускиот државјанин Дмитриј Потрубач ја тужи Црна Гора пред Европскиот суд за човекови права, поради истрага што е водена против него. Потрубач во тужбата наведува дека неговите права биле прекршени во врска со постапката која е покрената против него во Црна Гора, поради сомнеж дека е одговорен за повеќе милионска кражба на струја. Потрубач во тужбата наведува дека во Црна Гора го држеле со забрана за движење, а без никакви формални обвиненија. Црногорското обвинителство поднесе кривична пријава против Потрубач и КАП, поради сомеж дека од 22 февруари до 25 мај лани незаконски земале струја од европската интерконекција.

Рим – До крајот на јануари завршува спојувањето на италијанскиот „Фиат“ и американската „Крајслер“, и новата компанија, која ќе биде седми по големина производител на автомобили на светот, ќе го промени името, најави првиот човек на италијанската автоиндустрија Серџо Маркионе. Каде ќе биде седиштето на компанијата ќе зависи од тоа на која берза ќе бидат нејзините акции – во Милано или во Њујорк. Новооснованата фирма ќе се концентрира на производство на луксузни марки како што се „Алфа Ромео“ и „Масерати“, бидејќи во масовното производство на автомобили има преголема конкуренција, премали маржи, а иднината е комплицирана, рече Маркионе во интервју за римскиот весник „Република“.

Прага – ЕУ повторно ја прекина исплатата на средства од европските фондови за Чешка, во вреднсот од 3,7 милијарди евра, поради можен судир на интереси и лошиот систем на контрола. Ако не успее да се договори со Европската комисија, на Чешка и се заканува казна, а во секој случај поголем дефицит во државниот буџет, бидејќи ќе мора да исплати некои проекти кои ги одобри, иако за нив ЕУ нема да даде пари. ЕУ замрзна 3,7 милијарди евра за програмата „Бизнис и иновации“ поради лошиот чешки систем за контрола кој овозможува злоупотреба, како и за регионалната оперативна програма за централна Чешка, откако на виделина излегоа огромни малверзации по апсењето на пратеникот и претседател на регионалните власти Давид Рата во 2012 година, во момент кога примаше мито.

Берлин – Растот на извозната побарувачка во ноември го поттикна производството во клучниот германски машински сектор, наведе индустриската федерација ВДМА. Производството на машини е важен фактор кој придонесува за индустриските и извозните резултати на Германија. Вкупните порачки во ноември пораснале за седум отсто на годишно ниво, при што извозните нарачки пораснале за 12 отсто, а домашните опаднале за еден процент.

Детроит – Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да вложи седум милијарди евра во Северна Америка. Претставниците на најголемата европска автомобилска компанија „Фолксваген“ при отворањето на Салонот за автомобили во Детроит, најавија дека имаат намера до 2018 година да продадат милион автомобили годишно на американскиот пазар, вклучувајќи ги и моделите на „Ауди“. – Марката „Фолксваген“ е и останува во најважниот дел на нашата производствена стратегија во САД, изјави претседателот на компанијата Мартин Винтеркорн. „Фолксваген“ има намера да инвестира во новиот модел на возила со седум седишта кој треба да биде лансиран во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП