26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕVintage - накит за модерни жени

Vintage – накит за модерни жени

naki8

Има нешто во луксузниот „vintage“ накит, што прави на секоја девојка да и се стресат колената. Историјата, стилот, приказната зад накитот којa се пренесува со генерации, е она што го прави специјален, и тоа е токму она кое го бараат луѓето од „Trumpet & Horn“ кога ловат антиквитети.

naki1

Без оглед на тоа дали „копаат“ по разни видови накит или бараат „vintage“ веренички прстен, „Trumpet & Horn“ се во постојана потрага по ретки парчиња за колекционерите, толку се инспирирани со одредени парчиња, што ги тера да се пуштат во авантура со креирање на свои верзии од истиот накит.

naki4

Изненадувачки, „Winnsboro“ прстенот од „Trumpet & Horn“ e оригинален „vintage“ прстен од 50-тите години, но потсетува на еден многу познат прстен. „Winnsboro“ има неверојатна сличност со вереничкиот прстен кој принцот Вилијам и го даде на војвотката Кејт (прстенот најпрво го носеше принцезата Дајана).

naki2

Неколку копии од прстенот на Кејт се направени по нивната веридба во ноември 2010 година, но сепак можете да бидете сигурни дека „Trumpet & Horn“ го поседуваат оригиналот. „Winnsboro“ има импресивен сафир од 9.35 карати, опкружен со ореол од дијаманти.

naki5

„Trumpet & Horn“ не собираат само веренички прстени – акумулацијата на ѓердани, обетки, прстени, белегзии и други видови на накит е импресивна.

naki6

Низата бисери, корали, дијаманти и скапоцени камења, како што се смарагд, аметист, оникс, тиркиз, жад и рубин го прават овој збир таков што секој љубител на убав накит ќе сака да има барем едно парче од овој накит кој воодушевува.

naki7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП