3 мај, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Бања Лука – Во Бања Лука оваа година ќе почнат неколку важни инвестиции, кои ќе влијаат на изгледот на градот, а една од нив е изградба на хотелот „Хилтон“. Градоначалникот на Бања Лука, Слободан Гаврановиќ тврди дека градот чека инвеститорот да достави идејно решение на овој проект поради димензионирање на локацијата. – Во градот постојат повеќе места на кои може да се гради таков објект, но ние ја понудивме локацијата на Паскулина циглана, бидејќи на таму се решени имотно-правните односи, а урбаниситчкиот план предвидува деловна содржина како хотел, па издавањето на градежна дозвола би одело брзо, изјави Гаврановиќ за „Евро Блиц“.

Загреб – Бројот на невработените во Хрватска повторно надмина 370.000, колку што беа на почетокот на минатата година. Според податоците кои ги објави Хрватскиот завод за вработување, во земјата се регистрирани 370.357 невработени. Бројот на слободните работни места е само 4.780. Претходните официјални податоци се за ноември, кога биле регистрирани 356.864 невработени лица. Највисоката стапка на невработеност во Хрватска имало во 2001 година, кога биле регистрирани околу 400.000 невработени. Хрватскиот завод за вработување на својата интернет страна лиферува податоци од информативен карактер кои се ажурираат од минута во минута, додека официјалните статистички податоци се објавуваат еднаш месечно.

Мелбурн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на одличен начин ја почна деловната 2014 година, па по договорот со „Пежо“, стана и бренд-амбасадор на „Сеико“. Тениската ѕвезда на својот Твитер објави дека со гордост ќе го промовира брендост на познатиот јапонски производител на часовници. Соработката на двете големи имиња ќе трае три години. Така „Сеико“ на уште едно поле ќе ја капитализира огромната популарност на Ѓоковиќ во Источна Азија, откако тоа го направи и неговиот спонзор за облека „Уникло“, но и францускиот производител на автомобили, кој се обидува да се пробуе на кинескиот пазар.

Љубљана – Словенечката царинска управа се реши на необичен потег и во огласи и на социјалните мрежи објави конкурс за аукција на запленета долна облека. На порталот „Болха“ е објавен конкурс за собирање на писмени понуди за купување на 2.700 парчиња костими за капење, како и машка и женска долна облека, преостаната по стечајната постапка на една текстилна фабрика. – Понудите се даваат до 27 јануари, а очекуваме да бидат од околу 10.000 евра, изјави портпаролот на Царинската управа, Тјаша Наралочник.

Стокхолм – Европските банкари ги полнат проекциите на филмот „Волкот од Волстрит“, но и изнајмуваат и цели сали за себе и своите клиенти.Н ајголемата банка на нордискиот регион, „Нордеа“, закупи 140 места во едно кино во центар на Стокхолм, италијанската берза недела ќе го прикаже филмот токму на берзата, додека во Париз во поранешната зграда на берзата новиот филм на Скорсезе се прикажа од неодамна. Филмот, кој во европските кина стигнува неделава, е работен според мемоарите на американскиот брокер Џордано Белфорт. Тој се збогат мамејѓи ги клиентите и трошејќи пари на автомобили, куќи, јахти, проститутки, оргии, алкохол и дрога, поради што подоцна заврши во затвор.

Берлин – Околу 70 отсто од Германците сметаат дека на германската економија и е потребна странска работна сила за да може да остане успешна, па затоа странците се добредојдени во земјата се додека работат. Како што покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот „Ифратест димап“, околу 70 отсто Германци сметаат дека доселениците од земјите на Европската унија, кои немаат работа во Германија, треба да ја напуштат земјата. Со години многу Германци одбиваа отворање на вратите за странска квалификувана работна сила, а оваа анкета покажува дека 46 отсто Германци веруваат дека нивната земја од доселениците има повеќе корист отколку штета.

Лос Анџелес – Аугусто Матуро има само шест години и веќе одлично заработува за живот. Ова дете, ѕвезда на најновиот ситком на „Дизни“, „Girl Meets World“, ќе прима 8.000 долари по епизода, која се снима еднаш неделно, во текот на првата сезона на прикажувањето. Ако биде успешна, како што предвидуваат продуцентите, телевизиската серија ќе биде продолжена на уште една сезона, а тоа значи дека малиот Матуро ќе добие покачување од 1.200 долари по епизода.

Вашингтон – „Џеј-Пи Морган Чејз“, најголемата американска банка со вкупен капитал од 2.500 милијарди долари, претрпе уште еден удар на своето реноме. Банката склучи договор со федералните власти, според кој, ќе плати вкупно 2,6 милијарди долари поради учество во најголемата финансиска измама во американската историја. Се работи за пирамидална шема која повеќе од 20 години од 1968 до 2008 ја спроведувал Бернард Берни Мејдоф (75), кој издржува казна од 150 години затвор, на која беше осуден во март 2009 година, по признанието на вината по сите 11 точки од обвинението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП